Промовирано третото издание на Адресарот на општините во Македонија
19.05.2010 - 21:16 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка-МЦМС и Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС денеска го промовираа новиот Адресар на општините во државата.
Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС рече дека ова е трето издание на Адресарот. Првото издание на Адресарот е од 2002, а второто во 2006 година.
- Значењето на овој Адресар е поголемо бидејќи сите го користат за да можат да најдат телефони и податоци за секоја општина, рече Перишиќ и додаде оти претставници на домашни и странски инцтитуции се интересирале за новиот Адресар.
Таа додаде дека Адресарот редовно се поставува на веб-страната на ЗЕЛС и оти годинава првпат тој е само во електронска форма.
- Адресарот содржи кратки биографии на градоначалниците, телефони, маил адреси и факсови на општините, и податоци за нивните седишта. Има податоци за членовите на Советот, институциите во општината, како училишта, културни институции, градинки, домови за стари лица, има податоци за секторите и одделенијата во општините и информации за буџетите, рече Перишиќ.
Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС рече дека Адресарот е комплетен и во него се опфатени сите општини, со сите потребни податоци.
Од Адресарот, како што рече, градоначалниците можат да научат едни од други и да разменат искуства.
Третото издание на Адресарот е на македонски, англиски и албански јазик, а наскоро ќе биде поставен на веб-страните на ЗЕЛС и МЦМС.
Македонија
|






















Коментирај