Притворено осомниченото лице за пожарот на три куќи во Битола

08.02.2010 - 15:02 |

Одредена е мерка притвор во траење од 30 дена за битолчанецот Христо Ѓоргиевски-Спанаќот, осомничен за опожарување на својата куќа, информира СВР-Битола.

- Поднесена е кривична пријава против битолчанецот Христо Ѓоргиевски заради постоење основано сомнение дека предизвикал кривично дело –тешки дела против општата сигурност, казниво според член 292 од Кривичниот законик на Република Македонија. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и задолжително лекување во психијатриската болница во Демир Хисар, каде во арестантското одделение ќе ја издржува мерката притвор, изјави Ѓоко Стрезоски, портпарол на СВР-Битола.

Во саботата околу 17 часот на улицата „Солунска“ во централното градско подрачје во Битола изгоре куќата на Христо Ѓоргиевски-Спанаќот, а од пожарот големи штети беа предизвикани на две соседни куќи.

Битолчанецот Христо Ѓоргиевски-Спанаќот, препознатлив по своите самостојни кандидатури во сите изборни циклуси, од 12 ноември 2008 година е  лице без деловна способност поради душевно заболување, за што му е одредено посебно лице старател, потврдија од Центарот за социјална работа во Битола на денешната средба со новинарите.
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инстачирај тука.

Понеделник - петок 20:00
Понеделник - сабота 09:00
Понеделник - петок 19:40
Понеделник - петок 14:50, реприза 10:45 на Сител 3
Понеделник - петок 17:00
Понеделник - петок 18:45
Четврток 21:30
Недела 21:00
Вторник среда и четврток 22:40
Понеделник - петок 11:40
Сабота 20:20
Недела 10:30
Петок 22:30
Недела 19:45

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инстачирај тука.

Гледај Online

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инстачирај тука.

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инстачирај тука.

©2009 sitel.com.mk