24.07.2014 - 21:24 |
Последна промена пред 7 мин 32 сек

Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако

Втората тема беше интензивирање на меѓусебните односи во сферата на економијата, културата, политиката и спортот. Во тој дух, Иванов на Принцот Алберт му подари дрес од македонската кошаркарска репрезентација на кој е испишано името на принцот и икона од Св.Климент. Ги поздрави неговите заложби за унапредување на мирот преку спортот и иницирање вакви конференции каде бизнисмените и политичарите ќе ја сфатат важноста од развивање на спорот. Принцот Алберт Втори, непосреден во коментарите и отворен во намерите, побара Монако да изврши подводни истражувања во Охридското Езеро, откако му беше презентирана нашата студија за ендемската флора и фауна.

- Воодушевен сум од дресот, мој број е, а и од успехот на македонските кошаркари - изјави ексклузивно за Сител Принцот Алберт Втори. За останатите теми и Алберт Втори и Иванов веројатно ќе се изјаснат кога ќе има поконкретни резултати.

Веднаш потоа, претседателот имаше неформална средба со неговиот унгарски колега Пол Шмит. На сето ова му претходеше учество на панелите од вториот ден од конференцијата Мир и спорт, каде претседателот оствари билатерална средба и со Кралот на Лесото, Лезло 3. Разговараа за можностите за воспоставување соработка меѓу Македонија и Кралството Лесото (Јужна Африка). Кралот Лезло 3, за Сител изјави дека знае за Македонија.

- Тоа е мала земја како мојата, знам дека имате долга и богата историја и верувам дека еден ден ќе дојдам да се уверам во убавите приказни кои ги слушам за вас - изјави Лезло 3 за Сител.

Сергеј Бубка, поранешниот светски шампион во скок со стап во височина, повторно ја поздрави Македонија.

- Слушам убави вести дека многу инвестирате во спортот. Драго ми е дека Владата се залага по ова прашање, бидејки повеќе инвестиции во спортот значат помалку инвестиции во медицина и лекови - изјави Сергеј Бубка за Сител, кој најави дека повторно планира да дојде да ја посети Македонија.

Ивона Талевска, специјален известувач од Монако

 

Македонија