Патот Струмица - Берово во целосен прекин поради одрон од камења

12.03.2010 - 10:12 |

Патот Струмица - Берово од ноќеска од 3 часот и 30 минути е затворен за сообраќај поради голем одрон на камења.

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека одроните кај манастирот Св. Јован Бигорски се расчистени и тој патен правец е отворен за секаков вид сообраќај.

Сообраќајот на останатите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по главно влажни коловози.

На возачите им се препорачува внимателно возење посебно низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата од одрони и лизгања на земјиште. Ова особено се однесува за патните правци Маврово – Дебар и Катланово - Велес.

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk