Парк на местото на дивата депонија во Тетово

20.03.2010 - 17:10 |

Целиот отпад од дивата депонија во Тетово е пренесен во Русино, а претоварната станица е исчистена.  

Сметот повеќе нема да се складира кај станицата, а тетовскиот градоначалник најави дека  местото кое досега беше закана за здравјето на граѓаните, во иднина ќе уреди како парк.
 
Сметот од Тетово согласно договорот со општина Гостивар се носи во депонијата Русино каде паралелно се извршуваат градежни работи за подобрување на инфраструктурата.
 
Надлежните институции работат и на долгорочното решение-Русино да се даде под концесија со јавно-приватно партнерство.
 
Собраниот смет почна да се складира кај железничката станица во Тетово во април минатата година, поради забраната на Гостивар да се користи депонијата Русино. Во најкритичните моменти складирани беа над 16 илјади тони отпад.
 
Александар Самарџиев
 
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk