Министрите од ВМРО-ДПМНЕ на отворена средба со охриѓани

25.02.2012 - 10:47 |

Речиси целиот Владин кабинет, предводен од вицепремиерот задолежен за економски прашања Зоран Ставрески, синоќа пред граѓаните на Охрид даде отчет за досега оствареното, како и за насоките врз кои ќе се фокусираат активностите на Владата во наредните четири години, заклучно со 2015.

Вицепремиерот Ставрески во оваа прилика истакна дека овие средби имаат за цел да се сподели сограѓаните она што го работи Кабинетот, но и начин да се провери дали граѓаните се задоволни од сработеното, односно преку размена на совети, размислувања, но и критики да се подобри работењето на државните институции во иднина.

- Започнавме веднаш по изборите со програмата што ја ветиме, за која ни ја дадовте довербата, а таа пред се е насочена кон економијата, подобрување на животот на граѓаните. Единствено преку реализација на реформите и подобрување на состојбите во земата на економски план граѓаните ќе почувстуваат корист од она што се работи, потсети Ставрески притоа посочувајќи ги како дел од ветувањата намалувањето на ДДВ, притоа нагласувајќи ја мерката за намалување на стапката на ДДВ за туризмот во ноќевањата и сместувањата, како мерка насочена конкретно кон поддршка на туризмот.

Како поддршка на стопанството од страна на Владата, Ставрески ги посочи мерката за намалување на данокот на малите претпријатија, намалување на царините за репроматеријали, суровини, потоа намалување на трошоците на фирмите, регулаторната гилотина, се со цел да се овозможи опстојување во сложени економски услови.

- Поддршката на стопанството ја искажавме и преку структурата на Буџетот. Во сите овие тешки времиња Македонија е една од малкуте во Европа која успеа да задржи низок буџетски дефицит и ниско ниво на задолженост, потсети вицепремиерот. Додаде дека македонскиот долг и во вакви времиња на финансиска и должничка криза, изнесува од 28 проценти од БДП, што е еден од најниските на европско ниво.

Зборувајќи за капиталните инвестиции, како двигател на економијата во овие изминати години, Ставрески оцени дека тие позитивно влијаеле врз целокупната стопанство преку градежништвото кое во Македонија бележи двоцифрен раст, но и посредно преку останатите гранки анагажирани и поврзани со градежништвото.

- На тој начин во овој тежок период обезбедивме работа за илјадници наши работници, опстојување на стотици фирми кои изгубија странски пазари. Тоа беше една од клучните мерки со која се справуваваме со кризата. Во исто време Владата пред кризата да земе замав обезбеди дополнителни финансиски средства преку кредитна линија од 150 милиони евра, од кои се финансираат 130-тина фирми и околу 1.900 работни места, додаде вицепремиерот и министер за финансии Ставрески.

Цел на сите активности што ги презема владата, како што појасни тој, е да се постигне Македонија постепено да фати приклучок со средно развиените европски земји, постепено БДП и доходот по жител да се зголемат.

Притоа тој најави дека и општина Охрид ќе биде дел од проектите на Владата, односно ќе може да реализира одредени зафати комунални и инфраструктурни зафати, од витален интерес за граѓаните.

Ставрески и во оваа прилика потсети дека ниското ниво на буџетски дефицит, здрава фискална политика, мала задолжненост, заедно со постепеното стабилизирање на европската економија, се предусловите што ќе овозможат од 1 јануари 2013 година да се тргне со нови интензивнимерки и реформски чекори, кон остварување на ветувањата, притоа пред се нагласувајќи ги покачувањата на платите, пензиите и социјалните надоместоци.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во кусото обраќање пред охриѓани ја нагласи заложбата на владиниот кабинет за интензивна борба против сите видови организирам криминал и корупцијата.

- Тоа е прашање за кое ВМРО- ДПМНЕ има конзистентен стави кога е на власт и кога е во опозиција. Наместо да зборуваме на поединечни случаи, најдобро е секој поединец да ја препознае Македонија како правна држава, во која законите се едни за сите, рече Јанкуловска.

Вицепремиерот за екононмски прашања Владимир Пешевски најмногу зборуваше за туризмот, односно активностите во насока на зајакнување на таа за Македонија, но и конкретно за Охрид, приоритетна стопанска гранка. Како новост тука ги посочи плановите за формирање слободни туристички зони, преку натамошни активности за туристичка промоција на Македонија и инвестициска дестинација, се до стипандии за стотина студенти кои сакаат да градат кариера како туристички работници. Пешевски зборуваше и за секторот земјодество, најавувајќи дека покрај досега стореното во областа, само како пример, во буџетот за 2012 година за субвенционирање на земјделците се издвоени 130 милиони евра, што е најмногу од осамостојувањето досега и тоа во повеќе сегменти, пред се на квалитетот и стандардите.

- Имаме квалитена, плодна земја, имаме вреден народ, малку помош од државата и резулатите се неизоставни, порача Пешевски.

Министерот за здравство Никола Тодоров го искористи своето време на граѓаните на Охрид да им објасни за проблемот настанат со реконструкцијата на старото болничко крило на Општата болница. Тој најави дека нејзината реконструкција ќе биде заокружена за осум месеци, колку што е законскиот рок и обврска на новиот изведувач што пред десетина дена го доби тендерот за реконструкцијата. Тодоров зборуваше и за големите реформски зафати во Министерството за здравство, пред се проектот плаќање по учинок.

На трибината беа посочени и активностите што беа преземени за надминување на проблемите во најголемиот охридски загубар АД „ЕМО“.

Претходно министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беа во посета на Кичево и дадоа отчет пред тамошните граѓани за сработеното изминатиот период. 

 

Се вчитува...

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk