Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска во Париз, на покана од Институтот за политички студии ќе одржи предавање на тема „Спогодби за мир“ со акцент на Охридскиот рамковен договор - како успешен модел за надминување на меѓуетнички конфликти и политички критериум за евроатлантската интеграција на Република Македонија.
Престојот во Париз, како што соопштија од Министерството за надворешни работи, министерот Попоски ќе го искористи и за неколку средби, меѓу кои и со советникот за надворешна политика во Кабинетот на претседателот на Француската Република Жан-Давид Левит, како и со амбасадорот Бернард Валеро, директор за односи со јавноста на француското Министерство за надворешни работи.
Коментирај