Јавна расправа за Предлог законот за јавни службеници
17.03.2010 - 14:11 |
Предлог законот за јавни службеници првпат во Македонија ќе го регулира бројот на вработените во јавниот сектор и ќе го укине ангажирањето со договор на дело, но неговата примена ќе биде со аномалии доколку истовремено не се донесе закон за плати во јавниот сектор.
Покрај придобивките законот содржи и рестриктивни одредби и ја минимизира улогата на синдикатот.
Таа се дел од ставовите на учесниците на денешната јавна расправа „Предлог законот за јавни службеници, приближување кон Европа или..?“, што се одржува во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија и Фондацијата Фридрух Еберт.
Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје Борче Давитковски оцени дека е добро што со законот првпат ќе се регулира правната положба и статусот на меѓу 110.000 до 120.000 вработени во јавниот сектор, а со тоа и нивниот точен број, а изричито ќе забрани примена на договори на дело.
- Ќе се води регистар за јавните службеници и ќе знаеме колку има вработени во јавниот сектор, како што се знае бројката од 8.500 државни службеници согласно евиденцијата на Агенцијата за државни службеници. Дефинитивно, ќе мора да се напушти вработувањето со договор на дело на кој принцип се врти бројка од 30.000 до 40.000 од избори до избори, рече Давитковски.
Сепак, предупреди, без паралелно да се донесе закон за плати и не биде регулирана платата во јавниот сектор ќе има аномалии во примената.
Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, бара повлекување на законот од собраниска расправа бидејќи, како што оценува, содржел рестриктивни одредби и го тргал настрана синдикатот, ниту пак го консултиран при изготвувањето.
- Со овој закон синдикатот се трга настрана, ќе нема никакво влијание и ќе има мала можност да ги штити вработените, односно се минимизира неговата улогата. Законот е рестриктивен, а работникот ќе биде без заштита и ќе мора да прави тоа што ќе му го каже работодавачот, рече претседателот на СССМ ванчо Муратовски.
Како особено негативна одредба ја посочи можноста на работникот да му се исплаќа само 30 проценти од платата додека против него трае дисциплинска постапка.
Наспроти Муратовски, државниот секретар во Министерството за правда Билјана Бришкоска-Бошковски тврди дека не се намалуваат ниту улогата на синдикатот, ниту правото на заштита на работниците.
- При спроведување дисциплинска постапка работодавачот е должен да побара мислење од синдикатот. Со законот воопшто не се намалува улогата на синдикатот, а вработените ги имаат истите права како и досега, рече Бришковска-Бошковски.
Законот за јавни службеници, укажа таа, е голема придобивка во уредувањето на легислативната рамка за јавната администрација.
Согласно препораките на Групата држави членки на Советот на Европа за борба против корупција ГРЕКО, Македонија во вториот круг на евалуација беше задолжена да донесе легислативна рамка за уредувањето на правата, обврските и одговорностите на вработените во делот на јавната администрација која во најголем дел ќе биде усогласена со Законот за државни службеници.
Македонија
|


















vrak'anje vo feudalizam
Ne smee da se dozvoli izglasuvanje na vakov zakon !!!
So negova primena (zloupotreba), po licno mislenje na pretpostaveniot (kaj nas kriteriumi za rakovodni lica nema, cesto na rakovodni mesta se stavaat lica so egocentricni manifestacii i duri so psihopatski dijagnozi), ke ima golemi maltretiranja i ucenuvanja na lica koi ne se istomislenici, po bilo koja osnova.
Ke se maximizira polariziranosta pomedju makedonskiot narod, so vakov zakon ne ceka mnogu strasna idnina !!!!!!!!!!!!
Коментирај