Сител дојде до дел од вештачењето во кое е наведено:
- При анализта на поголем број примероци со примена на колор тестови како и методите на тенко слојна и гасна хроматографија извршена е анализа на репрезентативен број примероци од листови и врвни делови од 203-те растенија како и од седумте скршени гранки при што е утврдено присуство на канабиноли – психоактивни супстанци кои влегуваат во состав на растението, пишува во анализата направен од крим техниката.
Експертите во анализта запишале и дека со обработка на врвните делови и листови од растението канабис може да се добијат производи кои се употребуваат како опојни дроги познати под името марихуана и хашиш.
Со ова дефинитивно е разрешена дилемата и е потврдено дека на нивата Душко одгледувал опојна дрога. Вештачењето веќе е доставено до судот во Битола.
Ова не му е ниту прв пат на Душко кривично да биде пријавуван.
Со едно годишна условна казна бил санкциониран од битолскиот суд во 2005-та, за кривично дело семејно насилство.
Душко седум пати бил пријавува и за тешки кражби.
СВР Битола за него поднела пријави за тешки кражби во 93-та, 94-та и пет пати во 97-та.
Кривично одговарал и имал судски пресуди и неговиот татко. Единствен кој не поминува во крим евиденцијата на МВР е братот на Душко Илиевски.
Иван Кузмановски
Се вчитува...
odgleduvanje
ocigledno ne znaete ili policijata "ne znae" kako izgleda odgleduvanjeto a kako divo izrasteno, od snimkata izgleda ova vtoroto
Коментирај