13 лекари обележани на „Ѕидот на срамот“

Струшка ординација по општа медицина подолг период работела без медицинска сестра, матичен во Прилеп фалсификувал потпис на пациент а гинеколог од Скопје издал боледување спротивно на законот.

Поради направените направилности Фондот со сите го раскинал договорот. Во болниците пак, освен наплата на поголема партиципација од пациентите ја оштетиле и фондовската каса.

-Ние стоиме на зборот и кажавме дека нема да има толерирање и ќе бидат јавно објавувани. Постапката е следна, одат прво на првостепена и ако таму се раскине договорот имаат право на жалба до второстепена. Ако и таму се потврди тогаш ќе се најдат на ѕидот на срамот, изјави Бранко Аџигогов портпарол на ФЗОМ

Од Фондот не гледаат ништо лошо со јавното објавување на имињата. Но фелата мисли поинаку. Уште пред 3 месеци лекарската комора ова го нарече ѕид на плачот и жигосување на лекарскиот труд.

-Не мислиме дека тоа е жигосување, напротив, нема ништо лошо во тоа. ов ае еден вид опомена да не ги повторуваат грешките, вели Аџигогов

Лекарите кои се најдоа на ѕидот на срамот нема да добијат трета шанса. Ако уште еднаш ја повторат грешката никогаш повеќе нема да работат со сини картони.

Сања Димитровска