Објавени тајните упатства за цензурирање на Фејсбук

23.02.2012 - 10:48 |

Поранешен вработен во компанијата „оДеск“, која ја филтрира содржината на Фејсбук на јавноста и ги изнесе упатствата на социјалната мрежа за цензурирање на содржината, која ја објавуваат корисниците на мрежата.

Со тоа за прв пат се објавени тајните упатства на Фејсбук за бришење на неприкладни содржини, при што согласно нив се цензурираат „секси фотографии“, но снимките на мртви и осакатени лица се дозволени.

Тајните правила на Фејсбук на јавоста и ги обелодени Амине Деркаоуи, 21 годишен Мароканец, кој ја поминал обуката на „оДеск“.

Во досега необјавените правила на Фејсбук се наведува дека е дозволено објавување фотографии, во кои доминираат крв, рани, мртви и осакатени тела, но затоа се забранети фотографии со голи тела, како и оние со кои се симулира секс.

Исто така, се дознава дека се дозволени и расистички коментари доколку се употребени во „иронична или шеговита смисла“.

Фотографии и коментарите на тема дрога исто така се забранети. Истовремено дозволено е да се разговара и да се поставуваат фотографии на марихуана.

Деркаоуи на медиумите им порача дека работните услови во „оДекс“ се тешки и оти голем број вработени се незадоволни со платите. 

Причина поради која оваа работа се смета за тешка најдобро ја опиша еден поранешен модератор, кој рече дека се чувствува како да работи во канализација и дека мора да го филтрира цел отпад од светот и да гледа слики со насилство, злоупотребувани животни, педофилија, некрофилија и слично. Тој изјави дека работата ја напуштил заради сопственото ментално здравје. 

 

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk