Вејн Бриџ надвор од терените еден месец
17.03.2010 - 12:42 |
Левиот бек на Манчестер Сити и Англија Вејн Бриџ ќе мора да отсуствува од зелените терени во наредните четири недели поради повредата на препоните информираат медиумите од Манчестер.
Имено Бриџ веќе направил операција во текот на минатиот ден и откако истата била успешна прогнозата за неговото закрепнување е некаде околу 25 дена со што Бриџ би имал доволно време да се врати во форма пред мундијалот ова лето.
Вејн иако во моментов не е дел од селекцијата на Англија сепак во Англија се оптимисти и веруваат дека офанзивниот бек на Сити нема да ја запостави својата земја.
\Netpress
Фудбал
|

















