Челзи не го дава врвот во Премиер лигата

08.02.2010 - 10:55 |

„Сините“ од Стенфорд Бриџ не попуштаат во борбата за титулата и по вчерашната победа во дербито од 25.коло во Премиер лигата со 2:0 против Арсенал, се вратија на врвот на табелата.
 

Стрелец на двата гола на лондонското дерби беше Дидие Дрогба.

Ден порано Манчестер Јунајтед после триумфот над Портсмут со 5:0 се искачи на првото место.

Во Ливерпул на градското дерби, домаќинот Ливерпул кој 55 минути играше со играч помалку го победи Евертон со 1:0 со голот на Дирк Кајт.

На другите натпревари постигнати се следниве резултати: Тотенхем – Астон Вила 0:0, Барнли – Вест Хем 2:1, Болтон – Фулам 0:0, Сандерленд – Виган 1:1, Стоук – Блекбурн 3:0, Хал – Манчестер Сити 2:1 и Бирмингем – Вулверхемптон 2:1.

Табела: Челзи 58 бодови, Манчестер Јунајтед 56, Арсенал 49, Ливерпул 44, Тотенхем 43,... 
 

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Наскоро...
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:30
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk