Арсенал на „Емирати“ во Лондон го совлада Порто со 5:0. Данецот Бентнер постигна три гола за Арсенал, а покрај него во листата на стрелците се запишаа Насри и Ебуе. Така со вкупни 6:2 „топџиите“ се пласираа во следната фаза.
Баерн и покрај поразот во Фиренца пласман меѓу осумте најдобри екипи обезбеди, благодарение на повеќето постигнати голови на гостински терен. Во првиот натпревар германскиот претставник победи со 2:1, па вчерашната победа на Фиорентина со 3:2 не и беше доволна за да мине во следната фаза од натпреварувањето. Домаќините поведоа со 2:0 со головите на Варгас и на Јоветиќ. Ван Бомел намали на 2:1, за Јоветиќ да и донесе предност на Фиорентина од 3:1. Конечните 3:2 ги постави Робен.
Денеска се игаат уште два реванш натпревари. Во Манчестер англискиот првак Јунајтед ја брани предноста од 3:2 од првиот натпревар во дуелот со Милан, додека Реал во Мадрид ќе брка негатива од 0:1 во дуелот со Лион. Почетокот на двата натпревари е 20 часот и 45 минути.