За Роби Вилијамс марихуаната е „прекрасна дрога“

09.03.2010 - 11:48 |

Роби Вилијамс, славниот британски поп пејач, познат и по своите проблеми со пиење, дроги и депресијата, во интервју за „Радио Тајмс“ изјави дека марихуаната е „прекрасна дрога“ и дека е штета што веќе не ја поднесува.

-Тревата е прекрасна дрога. Тоа е прекрасна дрога. Но, таа веќе не ми одговара. Веќе не ми треба многу. Ќе се напијам шолја кафе и станувам психотичен, беше искрен пејачот.

Вилијамс говореше и за своето заминување на рехабилитација пред три години поради зависност од лекарства.

-Се смирив. Самиот дојдов до точка кога едноставно повеќе не се грижев за ништо, рече Вилијамс.

Роби призна дека прв пат добил кокаин од една поп ѕвезда во раните осумдесети, за кого мислел дека се шегува кога изјавил деака не знае што да прави со неа.

Поврзани вести

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk