Исламисти го откажаа концертот на Лејди Гага во Индонезија

Според нив, нејзината секси облека и движења на сцената ги навредуваат исламските вредности и ќе ја расипат младината.

Индонезиските експерти нејзиниот концерт  го окарактеризирале како навредување на моралот, а некои дури и се заканиле дека ќе употребат физичка сила само за да ја спречат да излезе од авион. 

“Фронтот на бранителите на исламот” пак, претходно најави дека ќе мобилизира 30.000 луѓе кои ќе протестираат пред доаѓањето на пејачката на концертот и ќе ја пресретнат на патот до аеродромот.

За разлика од нив, локалниот промотор Мајкл Русли смета дека забраната на концертот би била “жална”, затоа што се распродадени сите 52.000 карти.

Гага на Твитер оставила порака до нејзините фанови – Мали монструми бидете трпеливи, се бориме за концерт и се надевам дека ќе успееме. 

Елена Бошковска