Расправа за заштитата на работниците при работа
11.03.2010 - 20:09 |
Економската криза допринела во транзициските земји да се заобиколува правото на работникот и заштитата при работа.
Претприемачите кои тежнеат кон брза заработка, најчесто со стара и скромна опрема, се обидуваат поевтино и што е можно во помал рок да ја завршат работата. А како последица на тоа постојано се случуваат повреди на работно место кои знаат да завршат и со смрт.
- Македонија како држава во транзиција треба да го модернизира и законодавството во оваа област бидејќи сведоци сме дека изминатите години од време на време постојано ни се случуваа трагични случаи кои упатуваат институциите многу повеќе да се концентрираат на оваа област - вели Александар Спасеновски претседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - РМ.
Развиените економии поинаку гледаат на вложувањата во опрема и едукација, бидејќи според нивното искуство, со заштитата на работникот се штити и самиот бизнис.
Денеска беше презентиран и проектот со наслов мрежа за здравјето и заштитата при работа, со кој треба да се подигне свеста на работодавачите и правната заштита на работникот.
Борче Пауновски
Бизнис
|


















Коментирај