Продолжува забрзаното затворање на американските банки

20.03.2010 - 16:21 |

Американската Федерална корпорација за осигурување на депозитите (ФДЦИ) затвори уште седум банки бидејќи високата стапка на невработеност и ризичните заеми и понатаму го притискаат овој сектор.

Со најновото затворање, бројот на пропадната банки во 2010 година се искачи на 37, а минатата година во САД затворени се 140 банки. Седумте затворени банки, од кои најгоелма беше „Адванта банка“ во Јута, имале околу 247.000 долари неосигурани депозити.
 
Финансиските експерти предупредуваат дека ако затворањето на банките продолжи со тоа темпо до крајот на годината ќе бидат затворени 365 банкарски институции .
 
ФДЦИ прогнозира дека целокупните трошоци за „чистење“ на американскиот банкарски сектор ќе изнесуваат 100 милијарди долари во периодот од 2009 до 2013 година.
 

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk