Обама одобри 17 милијарди долари за поддршка на вработувањето
18.03.2010 - 22:56 |
Претседателот на САД Барак Обама денеска потпиша закон со кој се предвидуваат даночни олеснувања за работодавците кои примаат нови вработени, како и поддршка за изградба на автопатишта, во вкупна вредност од 17 милијарди долари.
Оваа мерка е прва од неколкуте подготвени закони што треба да ја намалат вообичаено високата невработеност во САД, која со месеци наназад се движи околу десетпроцентна граница.
Во февруари стапката на невработеност во земјата изнесуваше 9,7 проценти.
Потпишувајќи го законот Обама изјави дека овие прописи ќе помогнат да за забрза заздравувањето на американската економија, по длабоката рецесија, која, како што кажа, веќе мина.
-Потребно е, меѓутоа, да за направи повеќе за да го поттикнеме вработувањето и да го постигнеме целосното економско заздравување, од помагањето на кредитно спсособните мали фирми да добијат позајмици за натамошен раст, преку поттикнување на домаќинствата и фирмите за еколошки иницијативи, па се до инвестиции во инфраструктурата, рече американскиот претседател.
Законот ќе ги опфати олеснувањата за придонесите за вработените во висина од 13 милијарди долари за оние работодавачи кои ќе примаат нови вработени.
Бизнис
|


















Коментирај