Њујорк ќе исплати 657 милиони долари на учесниците во расчистувањето на СТЦ

12.03.2010 - 10:32 |

Работници од спасувачките и други служби чие здравје било нарушено при расчистувањето по нападот од 11 септември 2001 година врз Светскиот трговски центар, се согласија за исплата на обештетување од 657,5 милиони долари.

Околу 100.000 лица меѓу кои полицајци, пожарникари, градежни работници и спасувачи поднесоа тужби против градската управа на Њујорк и приватни компании најмени за расчистување на урнатините.

Меѓу обвинетите беше и градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг поради тоа што не обезбедил медицинска заштита за луѓето кои добиле заболувања по терористичките напади, објавија американски медиуми.

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk