Македонците се задолжуваат за живот на вересија
Германците се задолжуваат главно за станови и автомобили, Македонците за живот на вересија. Ова не е прашање единствено на нискиот животен стандард, туку во голема мера и на тоа дека нашите граѓани потешко се откажуваат од скапи навики како пушењето, кафаените и слични трошоци, наместо да штедат, велат од инвестициските фондови.
Глобалната економска криза која практично се јави во истиот период кога и првите инвестициски фондови во Македонија ги одвраќа штедачите од инвестиции на берзите. Ако се следи правилото купи евтино, продај скапо, тогаш сега е вистинскиот момент за вакво инвестирање, велат од фондовите.
Македонците главно штедат во банките или пак под перница и тешко ги доверуваат своите пари на институционални инвеститори, иако со тоа би оствариле поголем профит, покажуваат истражувањата на пазарот.
За таа цел Инвестициското друштво КД фондови и Агенцијата за финансиска писменост Синергија Плус издадоа Прирачник за инвеститори кои треба да ги поучи граѓаните како да развијат здрави навики за штедење.
Филип Момировски
Бизнис
|





















дали е избор или така и е наложено?
Да имат добра работа не би се задолжувале, секој сака со неговото да си направи се!
facebook
nekoj se zadolzuvat za da se oblecat ubavo za da moze da stavat sliki na facebook
turbo
sigurno branko e kriv
Игор
Кои црни инвестициски фондови, па каде живеете вие г-дине Момировски, платите се минамални (340 евра просек???), дополнителни примања не постојат. Профитираат само криминалци и хохштаплери, кави што се и инвестициските фондови. Која е таа личност што ќе гарантира некаков успех со тие инвестиции. Не залажувајте се себе си и народот со прилози од овј вид. Видела жабата коњот се потковува и таа нога кренала....
Коментирај