''Кромберг и Шуберт'' почна со изградба на фабрика во Жабени
Фабриката која се гради во индустриската зона Жабени вреди 20 милиони евра и според најавите ќе биде пресвртна инвестиција за пелагониското стопанство кое ќе се анагажира за извозното произвдоство на германската компанија.
Раководството на компанијата најавува завршување на погонот до ноември и старт на прозиводството на автомобилски кабли во 2013-та.
Кромберг и Шуберт“ е семејна фирма која работи за автомобислката индустрија веќе еден век. Вработува десет илјади луѓе во своите фабрики ширум светот. Ова е една од неколкуте крупни странски инвестиции кои владата очекува да се реализираат годинава.
Филип Момировски







