Избрани најдобрите менаџери за управување со човечки ресурси
Во организација на списанието за човечки ресурси во Македонија Global HR денеска првпат беа доделени Global HR Awards 2010 во категориите најдобар менаџер за човечки ресурси, најдобар оддел за човечки ресурси, како и најдобра компанија што вложува во своите вработени и развојот на човечкиот капитал во Македонија.
Марина Сивакова Тасков од EOS Matrix е добитник на наградата во категоријата менаџер за човечки ресурси, Seavus во категоријата оддел за човечки ресурси и Next Sense во категоријата компанија.
Весна Димовска, специјалист за човечки ресурси и главен и одговорен уредник на Global HR информира дека цела година била поставена номинација на нивната веб-страница www.globalhr.mk каде сите вработени можеле да ги номинираат своите менаџери, компании и своите оддели за човечки ресурси.
- Врз база на пристигнатите номинации се направи селекција во секоја категорија, рече Димовска и додаде оти првиот критериум кој го зеле предвид е номинација од страна на вработените.
Таа додаде дека стручно жири, составено од искусни менаџери за човечки ресурси и советници за кариера, ги наградило најдобрите врз основа на покажани резултати во 2010 година.
Димовска додаде оти биле номинирани околу 20 компании и менаџери за човечки ресурси.
Марина Сивакова Тасков од EOS Matrix изјави дека оваа награда за неа претставува големо признание како млад човек и голем мотив и поттик за да биде уште подобра во иднина. Таа изрази надеж дека оваа награда ќе прерасне во традиција.
Списанието за човекови ресурси во Македонија Global HR постои две години на македонскиот пазар.
Бизнис
|





















Коментирај