Хрватска делумно ќе го укине кризниот данок од 1 јули
11.03.2010 - 16:14 |
Хрвaтската Влада донесе одлука од 1 јули да го укина кризниот данок од два проценти, што беше воведен минатата година на приходите од 3.000 до 6.000 куни (409 до 818 евра), соопшти денеска хрватскиот премиер Јадранка Косор.
Владата лани во август водеде кризен данок од дополнителни два проценти на приходите од 3.000 до 6.000 куни и од четири проценти на приходите од над 6.000 куни. Првично овој данок требаше да важи до крајот на 2010 година.
Како што соопшти Косор, со денешната владина одлука се укинува само дополнителниот кризен данок од два проценти, додека оној од четири отсто и натаму останува на сила.
Со ваквата одлука, практично пензиите ќе бидат ослободени од дополнителниот данок, бидејќи само мал број пензионеии имаат месечни примања поголеми од 6.000 куни.
Објавувајќи ја владината одлука, Косор им се заблагодари на хрватските граѓани за покажаното разбирање и изрази надеж дека укинувањето на дополнителниот данок ќе придонесе за зголемување на потрошувачката.
Бизнис
|

















