Финансиската писменост на македонските граѓани на почетно ниво
Македонските граѓани недоволно ги познаваат финансиските продукти на пазарот кои ќе им овозможат заштеди.
Без оглед на нивото на образование и без разлика колку се успешни во својата професија, недостасува подетално познавање на производите кои се нудат на финансискиот пазар и нивната намена.
Тоа го покажуваат искуствата во работењето на Агенцијата за финансиска писменост „Синергија Плус“ и на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови, кои денеска промовираа заеднички прирачник за инвеститори „Преку контрола на личните финансии до сигурна иднина“. Ќе го подигаат нивото на финансиска писменост, која сметаат дека е на почетно ниво. Преку прирачникот нудат помош на потенцијалните штедачи и вложувачи при управувањето со личните финансии, поставувањето долгорочни цели и креирањето план за нивна реализација.
- Финансиската писменост не се мери со износот на пари кој ќе се заработи, туку со износот кој ќе го задржите односно ќе го заштедите, колку вешто ќе ги вложите, т.е, колку вредно таа инвестиција во иднина ќе работи за вас, рече на прес-конференција Лазе Камчев, главен извршен директор за КД Фондови.
Прирачникот содржи алатки, како што е водење личен биланс, кој, според Камчев, иако многумина го познаваат, ретко кој го применува.
- Фокусот се однесува пред се на долгорочно вложување како креирање фонд за школување на децата, дополнителна пензија, купување поголем стан во иднина... Искуството покажува дека за нивно остварување најсоодветно е да се вложува во инвестициските фондови, наведе Камчев.
Според него, во Македонија се уште штедат само постарите генерации, а претежно се одбира класичното штедење во банки, а ретко другите можности за тоа.
Финансиско-едукативната публикација може да помогне на три групи граѓани, појасни Коста Мицковски, генерален менаџер на Синергија, пренесувајќи искуства во четиригодишното работење на агенцијата. Во првата се задолжените граѓани, кои трошат повеќе од што заработуваат. Ним им се даваат совети како да ги сменат финансиските навики и менталниот склоп за парите, за да ратите за кредити ги заменат со здрави навики за штедење. Со добри навики за штедење се втората група, но треба да научат како да инвестираат и да разберат дека ако парите не се движат исто е како да ги немаш. Третата група ја сочинуваат претпримачите кои сакаат да научат како да дојдат до дополнителни, активни и пасивни приходи, а на кои им се нудат конкретни можности за соработка со компанијата.
Во прилог на тврдењата за големи можности за штедење Камчев и Мицковски упатуваат на податокот дека во Македонија годишно се трошат 75 милиони евра за цигари.
Осумдесет проценти од долговите на граѓаните се за лична потрошувачка, а само 20 проценти за инвестици во куќа, стан, автомобил. Тие показети се сосема спротивни во Германија, укажа Мицковски.
Бизнис
|





















Коментирај