- Го поздравуваме предлогот на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле да биде создаден Европски монетарен фонд. ЕУ итно има потреба од нови дополнителни мерки за регулирање. Монетарниот фонд би можел да биде една од нив и затоа отворено ја поддржуваме оваа идеја, изјави на прес-конференција шефот на групата на социјалистите во Европскиот парламент, Мартин Шулц.
Лидерот на либералите Ги Ферхофстат исто трака нагласи дека е за создавање Европски монетарен фонд без да ја отфрла идејата за единствен механизам за „санкционирање на лошите ученици“.
Германскиот канцелар Ангела Меркел претходно во Луксембург додаде дека единствен Европски монетарен фонд за спасување на земјите од еврозоната, на кои им е потребна помош, ќе им испрати јасен сигнал на играчите кои шпекулираат со евентуалното распаѓање на еврозоната.
Коментирај