Акцизите утре на владина седница
08.02.2010 - 17:02 |
Како и дали ќе се пресметува акциза на увезените автомобили Владата ќе одлучува на утрешната седница.
Според предлогот кој треба да го достави Министерството за финансии, владините членови ќе треба да решат колку да се наплатува дополнителна давачка за половните увезени возила.
Според увозниците мерката е одлична, но акцизата е многу висока. Сметаат дека треба да се најде нов начин на пресметување.
Со оваа мерка ќе се подобри возниот парк во државава, смета Колевски. Според него веќе има голем интерес од граѓаните за увоз на постари автомобили.
Министерството за економија минатата недела донесе два правилника за увоз на половни автомобили. Со нив се дозволува во следните 6 месеци да се увезува возила со стандард еуро 1, а во следните 6 години со стандард еуро 2.
Марина Доковска
Бизнис
|






























Коментирај