Судири меѓу млади демонстранти и полицијата во Атина

11.03.2010 - 14:06 |

Неколку десетици млади демонстранти се судрија со полицијата, која употреби солзавец во денешните протести во Атина за време на генералниот штрајк против мерките за штедење на владата, пренесоа агенциите.

Неколку илјади демонстранти претпладнево почнаа да се собираат на две места во центарот на Атина, за да протестираат против мерките за штедење, исгласани во петокот од парламентот.
 
„Дури и да не тероризираат овие мерки нема да минат“, „Ние сме луѓе, не сме бројки“, „Долу програмата за стаблиност, таа треба да се откаже“, гласеа некои од пораките, покажани од демонстрантите.
 
Протестот го организираа двата главни синдиката во земјата - Генералната конфедерација на трудот (ГСЕЕ) и Федерацијата на државни службеници (АДЕДИ).
 
„Европа треба да се промени или ќе потоне“, скандираа штрајкувачите.
 
Според полициски податоци околу 2.000 демонстранти се собраа во близина на Марсовото поле, спроти зградата на Генералната конфедерација на трудот.
 
На неколку стотини метри од ова место, на плоштадот Омонија илјадници активисти на комунистичкиот синдикат ПАМЕ скандираа „никакви жртви за плутократијата“. Тие носеа пароли со пораки „војна против капиталистите, тоа е одговорот на работниците“, „кризата треба да се плати од плутократијата“, „ долу непопуларните мерки“.
 
Учесниците во двата протеста се очекува подоцна да се насочат кон централниот плоштад Синтагма, пред парламентот.
 
Истовремено, претседателот на унијата на полицајци Христос Фотопулос посочи дека полицајците ќе демонстрират во униформи.
 

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk