Словенечката Влада усвои декларација за Западен Балкан

12.03.2010 - 10:52 |

Словенечката Влада усвои синоќа Декларација за државите од Западен Балкан и водич за активностите на Љубљана, насочени кон јакенење на односите и унапредување на соработката со земјите од регионот.

Шефот на словенечката дипломатија Самуел Жбогар изјави дека декларацијата го нагласува Западен Балкан како приоритет на политиката на Љубљана.

Во декларацијата е претставен ставот на Словенија за земјите од Западен Балкан и нивниот пристап во Европската унија и НАТО, рече Жбогар и додаде дека документот треба да биде потврден во Долниот дом на словенечкиот Парламент.

Со документот се предвидува основање на специјален комитет за земјите од Западен Балкан, кои ќе состават акциски план на активност на Словенија во земјите од региоот, а ќе биде поставен и национален координатор кој ќе ги надгледува активностите на Словенија во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

Соработката со земјите од регионот во областа на економијата, хуманитарната помош, здравството, животната средина, земјоделството, образованието и културата, исто така се цели на новите насоки на словенечката политика.

Жбогар истакна дека информациите за активностите на Словенија ќе бидат достапни на специјалната Интернет страница „Го поврзуваме Балканот“.

Словенија на 20 март ќе биде домаќин на конференцијата за Западен Балкан на Брдо кај Крањ, кога првпат по 18 години треба да се сретнат лидерите од сите поранешни југословенски републики, и Албанија.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk