Папандреу пред Обама и Клинтон ја повторил грчката позиција за името
11.03.2010 - 11:50 |
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу потврди дека на средбите во Вашингтон со американскиот претседател Барак Обама и со државниот секретар Хилари Клинтон станало збор за прашањето за името.
Во изјавата за новинарите на крајот од посетата на САД, што денеска ја пренесуваат медиумите во Грција, Папандреу не изнесува детали од разговорите, но посочува дека пред Обама и Клинтон ја претставил грчката „национална црвена линија“ за заедничко прифатливо име со географска одредница за севкупна употреба.
- Американците ја разбираат грчката позиција и ги поддржат напорите за решавање на проблемот. Разговорите фокусирани на прашањето за името се водат во рамките на ОН, изјави Папандреу.
Поврзани вести
Балкан
|



















