Ејуп Ганиќ останува во притвор во Лондон до крајот на март

02.03.2010 - 10:34 |

Поранешнот член на Претседателството на БиХ, Ејуп Ганиќ, кој синоќа бесе уапсен на аеродромот Хитроу во Лондон, ќе остане во притвор до 29 март, кога треба да се одржи ново сослушување, соопсти општинскиот суд во Вестминстер.

Ганиќ е уапсен врз основа на меѓународна потерница издадена од Министерството за внатрешни работи на Србија, под обвинение за извршени воени злосторства.

Судот им налози на српските власти во рок од 45 дена да достават комплетна документација и докази со кои треба да го оправдаат барањето за екстрадиција на 63-годишниот Ганиќ и негово евентуално судење.

Властите во Белград го обвинуваат Ганиќ, кој сега е професор на Универзитетот во Сараево, дека како член на колективното Претседателство на БиХ е одговорен за нападот врз еден конвој од војници на поранешната Југословенска народна армија (ЈНА) во босанскиот главен град.

Инцидентот за кој се товари Ганиќ се сличи ноќта меѓу 2 и 3 мај 1992 година во Сараево, при што беа убиени 42 војници, а 73 беа повредени 73.

Во обвинението на српските власти приложено со потреницата се тврди дека војниците биле убиени откако БиХ прогласи независност, како и дека некои од ранетите припадници на поранешната ЈНА се намерно убивани.

Британскиот Форин Офис синоќа го потврди апсењето на Ганиќ, но претставник на Министерството одби да даде било каков коментар за случајот, се до, како што рече, објавувањато на одлуката на лондонскиот суд.

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk