08.09.2010 - 20:07

Судот во Белград го отфрли барањето на семејството на Ратко Младиќ тој да биде прогласен за мртов.

08.09.2010 - 14:35

Во Турција се регистрирани првите седум случаи на зараза од западно-нилскиот вирус, а тројца од заразените починаа.

08.09.2010 - 11:57

Во северниот дел на Косовска Митровица синоќа од огнено оружје е убиен косовскиот Албанец Хакиф Мехмети, изјави регионалниот портпарол на Косовската полициска служба Бесим Хоти.

08.09.2010 - 10:02

Дијалогот меѓу Белград и Европската унија за усогласување на ставовите за резолуцијата за Косово ќе продолжи до заседанието на Генералното собрание на ОН, утре, 9 септември.

 

07.09.2010 - 20:38

Масовна гробница со тела на околу 700 луѓе убиени за време на Втората светка војна откриена е кај Преваљ, во северниот дел на Словенија, потврди денеска шефот на Комисијата на словенечката Влада за ексхумација на масовни гробници.

07.09.2010 - 20:31

Во судир со турските безбедносни сили загинаа најмалку девет курдски бунтовници во југоисточниот дел на Турција.

07.09.2010 - 11:27

Косовскиот премиер, Хашим Тачи кој престојува во Катар изјавил дека највисоките државни претставници на таа земја потврдиле дека Катар ја признал независноста на Косово.

07.09.2010 - 09:09

Официјален Белград, најверојатно, ќе се согласи на компромис околу текстот на својата резолуција за Косово доставена до ОН, прифакајќи ги основните насоки што ги нуди предлогот на Европската унија, објави Би-Би-Си.

07.09.2010 - 08:59

Новиот кабинет на премиерот Папандреу денеска положи свечена заклетва. Промениот тим наместо досегашните 36 министри и државни службеници, сега брои 48 членови.

06.09.2010 - 21:52

Босанската полиција откри голем импровизиран магацин со оружје и уапси уште едно лице осомничено за поврзаност со истрагата за бомбашкиот напад во јули, во кој беше убиен еден полицаец, а други шестмина беа повредени.

06.09.2010 - 21:10

Албанската Влада ќе им додели бесплатни учебници на учениците во задолжитеното основно образование од македонска и грчка националност, јави дописникот на МИА од Тирана.

06.09.2010 - 09:19

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ изјави синоќа дека Србија не планира да се повлече од нацрт-резолуцијата што ја поднесе во Генералното собрание на ОН и оти таа „не е цел туку средство“ за постигннување на целите на државата.

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk