Македонија
24. јуни 2020 - 14:26

Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Даниел Стојчевски поднесе оставка

Директорот на кумановското Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски денеска си даде отказ од таа функција и се врати на поранешното работно место во секторот за човечки ресурси во општина Куманово.

Стојчевски беше назначен за директор во јуни 2018-та година. За прв човек на претпријатието ќе биде поставена досегашната техничка директорка во претпријатието, Цветанка Ивановска.