-->
-->
Детали за сообраќајката кај Куманово
-->
Нема жртви ниту, повредени во сообраќајната незгода која се случи на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка. Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Куманово, Живкица Чавдаревиќ, во незгодата е причинета само материјална штета.
Несреќата се случила кај местото викано Просеченик, во атарот на селото Псача, општина Ранковце.
-До незгодата дошло во петнаесет часот и четириесет минути кога патничко моторно возило марка Ландровер, кое се движело од Крива Паланка кон Куманово при разминување се судрило со товарно моторно возило марка Мерцедес.
-За среќа, нема жртви, ниту повредени, само е причинета значителна материјална штета, изјави Чавдаревиќ.
Поради незгодата сообраќајот на патниот правец Куманово-Крива беше во прекин во периодот од петнаесет часот и четириесет минути до шеснаесет часот и педесет минути
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уште два неуспешни обида на Уставниот суд да избере нов претседател, седницата продолжува в понеделник
-
Избори за нов претседател на СДСМ на 30 јуни, конгрес на 9 јуни
-
Мурињо седнува на клупата на Фенербахче
-
Медиуми: Мареска нов тренер на Челзи
-
ЈП Градски паркинг - Скопје од утре со летно сметање за зонско паркирање
-
Лани пријавени 433 деца во судир со законот, 307 осудени
-
Во завршна фаза преговорите за новата Влада
-
АА: Ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени