Македонија
30. јуни 2019 - 19:04

ДЕТАЛИ: Скопјанец пронајден мртов во својот стан

Трагедија во семеен стан во Скопје. Како што информираат од МВР, во петокот  во 16.35 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на улица „Пушкинова“ во Скопје има починато лице без видливи траги на насилство.

Утврдено е дека се работи за лицето Н.А.(41) од Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.