Денеска е Св. Јован Златоуст
Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа. По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград. Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата. Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.
Светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манета
Првите тројца кога еднаш видоа како незнабожците на некој свој парзник им се поклонуваат на идолите со извици и игри, излегоа храбро пред толпата и почнаа да Го проповедаат единиот Бог во Троица. Началникот на Кесарија Палестинска, каде што се случи ова, толку се раздразни од оваа постапка на тројцата христијани, што нареди веднаш да им ги отсечат главите. Манета беше девица христијанка. Таа ги следеше мачениците кога ги водеа на губилиште. Ја фатија и нејзе и после лути маки ја спалија во оган. Пострадаа сите во 308 година, кога се преселија во вечната радост на живиот Бог.
Преподобниот маченик Дамаскин
Роден е во Галата во Цариград и прво се викаше Дијаманди. Во младоста живееше неморално, така и се потурчи. Тогаш доживеа горко покајание и замина на Света Гора, каде што како монах строго се подвизуваше дванаесет години во Лаврата на Св. Атанасиј. Но желен за мачеништво, заради очистување од гревовите, отиде во Цариград и почна да оди по џамиите, да се крсти и да вели дека Исус Христос е Господ и Бог. Беше заклан пред портата Фанара на 13 ноември 1681 година. Моштите му почиваат на Халка во манастирот на Света Троица.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар