-->
-->
Децата со посебни потреби во општина Ѓорче Петров добија лични асистенти
-->
Децата со посебни потреби во основните училишта во општина Ѓорче Петров добија четиричасовна асистенција во текот на наставниот ден. Во текот на целата работна недела, 15 лични асистенти ќе им помагаат на учениците полесно да се движат низ училиштата, ќе им нудат помош при користење на материјалот во текот на наставата и при извршување на сите училишни обврски.
Асистентите, како што соопшти општина Ѓорче Петров, се очекува да им го олеснат процесот на интеграција на учениците, да остварат подобар успех при совладување на наставниот материјал, како и зголемување на свесноста на другите ученици за потребите на децата со попреченост. Асистентите ќе примаат месечен надомест од 6.200 денари.
Општината Ѓорче Петров информира дека се организирала неколкудневна обука на асистентите за запознавање со децата, наставниот кадар, училиштето и опкружувањето. Проектот „Образование без пречки“ го спроведува општината Ѓорче Петров во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување, а се имплементира во сите шест основни општински училишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Горела ниска вегетација кај скопско Ново село
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина