Македонија
21. December 2023 - 9:20

ЦУК: 1.772 повици на бројот за итни случаи 112, кон Полицијата двојно повеќе од Итната медицинска помош

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во последното деноноќие примени се вкупно 1.772 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од кои 42,16 отсто биле за итни потреби на граѓаните.  

Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 60,90 проценти, кон Итната медицинска помош 29,70 отсто, кон пожарникарите 5,26 проценти, а кон АМСМ 0,38 отсто од повиците.