-->
-->
Црвено-црните го освоија „Вардар 2015“
-->
Ракометарите на Вардар се победници на првото издание на Меѓународниот турнир „Вардар 2015“. Вардарци во финалето славеа над Кристијанштад со 32:24. Трети на турнирот беа ракометарите на Чеховски медведи, четвртото Крадснодар, петтото Нексе, додека последни беа ракометарите на Металург.
Вардар во борба за пехарот лесно славеше над шведскиот првак Кристијанштад. Во текот на целиот меч ‘црвено црните’ ја одржуваа предноста од три до седум гола и без поголеми забележаа победа. Кристијанштад се закани само на почетокот на вториот дел кога со серија 1:5 се доближи на три гола негатива (17:14).
Македа беше најефикасен во редовите на Вардар со пет гола, по четири постигнаа Шишкарев и Циндриќ.
Руските тимови кои учествуваа на турнирот се бореа за третото место, а славеше Чеховски медведи со 28:26 дури по изведувањето на пенали. Мечот во регуларниот дел заврши со резултат 24:24.
Последното место на турнирот му припадна на Металург, екипата на Лино Червар загуби од Нексе со 19:24. Костески со пет, а гол помалку постигнаа Мраковчиќ и Бувиниќ.
Инаку победникот Вардар покрај титулата освои и парична награда од 15.000 евра, 10.000 евра освои Кристијанштад, а 5.000 евра тимот на Чеховски медведи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа