Црногорската опозиција не ги признава изборните резултати
Претставници на Демократскиот фронт, Големата коалиција Клуч, Демократите и Социјалдемократската партија на вечерашниот состанок донесоа едногласна одлука да не ги признаат резултатите од парламентарните избори во Црна Гора, одржани вчера.
Тие тврдат дека изборниот процес бил проследен со низа злоупотреби, кои, како што наведуваат, „по содржината и бројот ги надминале сите претходни изборни процеси во историјата на парламентаризмот во Црна Гора“.
„Посебно, имајќи предвид фактот дека одделни медиуми уште во саботата најавија, а државните органи на Црна Гора вчера соопштија, дека за време на изборниот ден се случил обид за државен удар. Јасно е дека во атмосфера на државен удар, на самиот изборен ден, не можат да се одржат слободни, фер и чесни избори“, оцени опозицијата.
Тие бараат независна комисија, во рамки на која треба да се вклучат и претставници на меѓународната заедница, да ги констатира и испира сите факти во врска со наведениот државен удар и на јавноста да соопшти кои се извршителите, и кои се налогодавачите на тоа кривично дело.
Ново на Сител
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја