Свет
9. јуни 2018 - 19:39

Црните стршлени се новите очи на Америка - војската добива дронови кои застануваат на дланка

Војската на САД ќе купува од компанијата “FLIR” нови лични, преносливи нанодронови, познати под името “црни стршлени”, а договорот е вреден 2,6 милиони долари.
 
Нанодроновите тежат само 32 грама, но имаат домет од два километри и максимална брзина од 21 километар на час.
 
“Црниот стршлен” е најмалиот систем и единствен нанодрон кој се покажал на воено поле, се наведува во соопштението на произведувачот.
 
Овие дронови се опремени со термална камера и имаат подобрување на карактеристиките за лет во затворен простор
 
.