Македонија
27. March 2024 - 16:48

Четири години Македонија членка на НАТО

Четири години стратешки партнер во најголемиот воено политички сојуз - Македонија одбележува 4 години од пристапувањето во НАТО Алијансата...

На овој ден, пред четири години, Македонија покажа каде припаѓа, кои се нашите вредности и кое е нашето место како земја која отсекогаш се залагала за мир, за демократија и за безбедност, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска. Според неа, примената на НАТО стандардите направиле македонската армија да биде модернизирана и рамо до рамо со останатите земји членки.

Одбележувајќи и 32 години од формирање на Генералштабот, македонската армија, покажа колку е подговтвена и модернизаирана, не само за учество во мисиите на НАТО туку и за справување со предизвиците во регионот, порача бригадниот генерал Трајковски.

Пред претставници на македонската армија, министри, амбасадори и воените аташеа од земјите членки на НАТО, армиската гарда ја изведе показната точка „Егзерцир“.

Промовирани беа и две поштенски марки изработени по повод четири години од членството на  во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

На 27 март 2020 година, во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што, Македонија и официјално стана 30-та земја членка на Алијансата.