Македонија
22. February 2017 - 8:41

Чествување по повод 95-годишнината од раѓањето на Лазар Манчевски Пинџур

Во мултимедијалниот центар „Матица еклсузив“ ќе се одржи чествување по повод 95-годишнината од раѓањето на писателот Лазар Манчевски Пинџур.

На свеченоста за литературното дело на авторот ќе зборуваат Раде Силјан и Паскал Гилевски, а стихови ќе интерпретира Антонио Павловски.

Лазар Манчевски (Неготино, 1922-1997, Скопје) е автор на дваесет поетски, прозни и мемоарски книги.Тој е автор и на повеќе обнародeни песни со патриотска тематика, меѓу кои и на антологиската песна „Ми заплакало селото Ваташа“.