-->
-->
Чекаме крвава Нова година, овие градови се мета на терористите за најлудата ноќ!
-->

Оваа година ја одбележаа стравични терористички напади во кои загинаа илјадници луѓе, а последиците се големи. Поради патувањето на своите семејства и пријатели, цела Европа е во паника и страв од она што ги очекува. Според предупредувањата од некои служби, можни се напади во неколку европски градови, така да мерките за безбедност се зголемени, како и бројот на контроли, претреси и апсења.
Прашањето е, дали тоа е доволно за да се спречи развојот на Исламската држава и нејзините идеи.
Австриската полиција соопштила дека добила предупредување за можни терористички напади на најлудата ноќ. Во соопштението е наведено дека овие напади би можеле да се изведат со употреба на експлозив или огнено оружје, но не е прецизирано во кои градови.
Федералните обвинители денес сооштиле дека белгиската полиција уапсила две личности во различни делови на земјата во неделата и понеделникот. Двете лица се осомничени дека планираат напади на Брисел за време на новогодишната вечер. При претресот се пронајдени маскирна униформи, пропаганден материјал на Исламската држава но не е пронајдено оружје и експлозив.

Меѓутоа обвинителите истакнале дека претресите немаат поврзаност со нападите кои се изведени во ноември во Париз. Веројатно е дека овие трагедии сепак предизвикуваат потреба за поголема претпазливост и контрола. 

Во Сараево претходната недела е упасена група на радикални исламисти кои планирале напад на главниот град во БИХ на 31. декември.
Терористите имале за цел да постават експлозив под полициските автомобили на некоја од локациите каде би имало соберено поголем број на луѓе.
И надвор од Ервопа, во Москва, после терористичкиот напад во Париз се воведени додатни мерки на претпазливост. Така традиционалното место за славење на Нова Година, Црвениот плоштад ќе биде затворен за славениците на 31 декември.
И австриската полиција закажала два безбедности состаноци по повод предупредување во периодот од католичкиот Божиќ до Нова година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
