Цехте пред дуелот со Алборг: Веруваме во прва победа во ЛШ
Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер со оптимизам го очекуваат утрешниот дуел против Алборг во рамки на претпоследното коло во групата А во Лигата на шампиони.
Десниот бек на битолскиот состав Нејц Цехте денеска во изјава за клупскиот сајт истакна дека Еурофарм Пелистер е подготвен да ја забележи првата победа во групната фаза.
„Едвај го чекаме натпреварот. Тоа ќе биде празник за ракометот и можност да покажеме дека можеме да се носиме со најдобрите. Посакуваме победа и верувам дека можеме во среда да дојдеме до неа“, изјави Цехте.
На две кола до крајот на групната фаза Еурофарм Пелистер е последнопласиран без бодови, а на првиот дуел против Алборг македонскиот тим загуби убедливо со 38-23.
„Првиот меч дозволивме да влеземе во нивниот ритам, но овојпат нема да биде така. Ќе видат како е да се игра пред вистинска публика. Тоа не им и познато, стилот на навивање е целосно различен, па тоа мислам дека ќе биде нашиот адут“, порача Цехте.
Дуелот е на програмата утревечер со почеток во 20:45 часот во салата „Боро Чурлески“.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%