Цакај: Не може да има простор за насилство во демократските општества
Нападот врз црногорската Амбасада во Белград остро го осуди овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, јави дописничката на МИА од Тирана.
Во објавата на Твитер, Цакај наведува дека „нападот врз црногорската амбасада од страна на српските екстремисти е неприфатлив“.
Меѓу другото, тој додава дека дипломатската мисија не треба да се покорува на вандализот, туку ставовите треба да бидат насочени кон дијалогот.
– Насилниот напад врз црногорската Амбасада во Белград е апсолутно неприфатлив. Дипломатската мисија не треба да се покорува на вандализот. Различните гледишта треба да се решат преку дијалог. Не може да има простор за насилство во демократските општества, напиша Цакај.
Претходно поранешниот албански премиер и актуелен министер за дијаспора Пандели Мајко застана на страната на Црна Гора, оценувајќо дека „српската неодговорност бара да се наметне“, но потсети дека има многу цркви и само еден бог.
Во врска со нападот врз црногорската амбасада во Белград, вчера остро реагираше албанската опозициска Демократска партија(ПД).
Албанските демократи сметаат дека со „оглед на отворената провокација против НАТО и ЕУ некои кругови во Белград сериозно ја загрозуваат стабилноста на Балканот“.
ПД ја критикуваше и Владата во Тирана, предводена од премиерот Еди Рама, за молчењето во врска со состојбата во Црна Гора, додавајќи меѓу другото дека „ова молчење станува уште потешко кога Албанија е на чело на ОБСЕ, организација чиј мотив за постоење е безбедноста и демократски стандарди на соживот.
Ново на Сител
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија