Македонија
7. April 2016 - 16:49

Благодарници од Здравствен дом - Скопје по повод Светскиот ден на здравјето

ЈЗУ Здравствен дом - Скопје во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето денеска им додели благодарници на словачкиот амбасадор Мартин Безак и на проф.д-р Никола Јанкуловски за покажан хуман гест во насока на зајакнување на Службата за Итна медицинска помош преку обезбедување донација на санитетско возило во делот на зајакнување ресурси за поголемо доближување на здравствените услуги.

Од Здравствен дом - Скопје соопштија дека со Студентскиот парламент на Медицински факултет потпишале Меморандум за соработка во делот на практични активности на студентите во Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Традиционално и годинава Светскиот ден на здравјето е одбележан со бесплатни превентивни прегледи во општина Чаир со тим од доктор, медицинска сестра и лаборант, соопштија од Здравствен дом Скопје.