Бизнис
7. November 2015 - 16:43

Бизнисмените задоволни од акцијата"притисни црвено копче за решавање на имотно правни проблеми"

Компаниите ги решаваат имотно-правните проблеми преку акцијата „Притисни црвено копче“,  проект на управата за имотно правните работи во соработка со коморите.

Меѓу нив е Ариљеметал, фирма која успеала да ги надмине проблемите околу приватизацијата на земјиштето. Сопственикот апелира до останатите стопанственици да ја искористат можноста, која нуди прилика за надминувањe решавање на најсложените административни процеси во повеќето економии, имотно правните односи.

Богослав Ангелоски, сопственикот на компанијата „Ариљеметал“

Ангеловски, чија фирма од со осум вработени прераснала во извезник на челични производи во Европската унија и брои четириесет работници, вели дека македонските компаниии како никогаш досега имаат поддршка за развој.

Богослав Ангелоски, сопственикот на компанијата „Ариљеметал“

Досега 205 компании пријавиле имотно правен проблем во ресорната управа. Од нив целосно се завршени постапките за 88, 44 се делумно решени, а 20 се во процедура.  Фирмите кои ќе достава барање ќе бидат повикани во Управата каде ќе добијат стручна помош и упатство како да ги реализираат своите права.