Македонија
16. September 2016 - 11:35

Битолчанец во кома, со мопед удрил во ѕид

Синоќа во 22,15 часот во Битола на ул.„Никола Тесла“, се случила сообраќајна незгода во која М.К. (1962) од Битола управувајќи мопед „Томос“, изгубил контрола на мопедот и удрил во ѕид од куќа.

Во незгодата М.К. се здобил со тешка телесна повреда, крварење во мозокот, при што е задржан на лекување во Клиничката болница во Битола и е во животна опасност.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Битола.