Македонија
18. April 2024 - 13:48

Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник

На 17.04.2024 во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Широк Сокак” во Битола, 63 годишен битолчанец, балконот на неговиот дом од воздушна пушка пукал кон куче скитник.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по преземени мерки, полициски службеници од СВР Битола од лицето ја одзеле воздушна пушка.

По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.